Планирањето и реализацијата на активностите во рамките на извидничката организација прествена на Првиот приватен универзите ФОН

На 17.11.2016 год. (четврток) пред студентите на Факултетот за спортски менаџмент и останатите студенти од другите факултети при Првиот приватен универзите ФОН, беше презентирана тема  “Планирање и реализација на  активности во рамките на извидничката организација“.  Презентацијата беше реализирана од страна на нашиот извидник, инструктор од втор степен м-р Ангелче Гушев , а на покана на проф. д-р Лиза Чакареска. Предавањето беше рганизирано во рамките на предметот спортска рекреација и на студентите им беше презентирано следното: Баден Пауел основач на скаутското движење во Светот, историскиот развој на извидничкото движење во Светот и Република Македонија, организирање на активности во извидничката организација (средби и смотри на извидници, ориентациони кросови)  и натпреварувања во рамките на извидничката организација, организација на логори и извиднички домови за сместување на учесниците, планирање на активности, буџетирање и менаџирање на сите извиднички манифестаци. Претставена беше и структурата на извидничката организација во Република Македонија, функционирањето на извидничките одреди во Република Македонија и употребата на извидничките закони, заветот, извидничкиот метод , мисија и визијата на Сојузт на извидници на Македонија како најголемо младинско движење во државата.

Во рамките на презентирањето на студентите од факултетот за спортски менаџмент им беа во целост преставени начините на обезбедување на средства за организација на настани, преку пишување на проектни апликации до државни институции, фондации и партиципација на учесници. Потоа им беа преставени практични примери на напишани буџет на извиднички активности заедно со менаџмент на нивното организирање (Старешина, Началник, Началник на коначарска единица, Коначари – од 10 до 16 , Натпреварувачка комисија, Секретар, Благајник, Економ, Кујна, Бифе, Разглас и КЗП, Возач, Фотограф, ИТ , Медицински лице).

Потоа беше преставена и суштината на организација на едно натпреварување од типот на ориенатција и топографија, задачи на карта, и пронаоѓање на терен, изработка на графички материјали (кроки, итинерер, скица на дел од патека, профил на терен, извештај на помината патека).

На крајот од целокупната презентација и предавање беше и претставена работата и функционирањето на Вардарската регата “Гемиџии“ како специфична спортски рекреативна активност во Република Македонија и за истата беше во целот прествено нејзиното организирање, начинот на реализирање на програмските активности, начинот на менаџирање и вклучувањето на други институции во организацијата на истата. Преставено беше  и начинот на пловење со дрвена гемија и сплав, потоа гумените чамци, кајк и кану и начинот на сместување на учесници. Во рамките на делот за вардарската рега беа преставени целите на организирање како што се:  развој и промоција на сплаварењето како туристичка атракција, развој на спортското кајакарење и пливањето, развој на логорување и живот во природа, економски развој на Вардарскиот регион, развој на економските и трговските врски во регионот, промоција на Вардарската долина, промоција на заштитата на  еколошката средина по текот на реката Вардар, културно поврзување на општините по текот на реката Вардар, меѓународна туристичка соработка помегу Р. Македонија и Р. Грција , обединување на државните и локалните институции, НВО и бизнис секторот во реализирање на целта, поврзување на општините од Вердарскиот плански регион во симболична врска – историска, културна и економска (трговска), пренесување на културните и историските вредности на младата генерација.

Со поканата за презентирање на работата на извидничката организација на една високо образовна институција од страна на м-р Ангелче Гушев, докажуваме дека Сојуз на извидници на Македонија како најголемо младинско движење е современо, атрактивно и самоодржливо и  обединува млади луѓе преку  привлечни и динамични работни активности кои се нудат со програмата на СИМ.

Previous Image
Next Image