оне.Вип со поддршка за извидниците

Телекомуникациската компанија оне.Вип со поддршка за извидниците! Vip Combo Box за подобра комуникација.

vip mk и Scout

Соработката со оне.Вип започна неодамна, за време на 12-та Извидничка смотра која се одржа во охридското село Скребатно, за време на која операторот овозможи целосна мрежна и интернет покриеност, со што беше овозможена подобра и побрза комуникација помеѓу самиот организатор и преку 1.000 учесници на овој светски извиднички настан. Истата и понатаму не прекинува.

Изминатиот викенд во хотел „Континентал“ се одржа Европската извидничка академија 2018 на која учествуваа повеќе од 200 учесници од 40 европски земји, а за кои оне.Вип обезбеди бесплатни припејд картички, кои на гостите од странство им овозможија да бидат во контакт во секое време и да го истражат главниот град, посетувајќи негови значајни историски и културни објекти, но и модерни локали, од кои истите беа навистина воодушевени. Овој настан беше само поводот и почетокот на поддршката која и понатаму ќе ја пружаат од операторот. Со Vip Combo Box уредите беше воспоставен бесплатен интернет пристап за учесниците, додека во иднина, ваквите пакети ќе им бидат доделени и на извидничките одреди ширум Македонија, со што ќе им се олесни организацијата и реализацијата на работните активности кои се дел од нивните годишни извиднички програми и планови.