Обука за возрасните во извидништвото

Во периодот од 21-ви до 25-ти Мај, Сојузот на извидници на Македонија во соработка со Данските извидници и програмата ASOCIO организираше обука на тема „Возрасни во извидништвото“. Обуката се оддржа во извидничкиот центар Охрид.

Оваа обука беше наменета за сите извидници над 19 години, а нејзина цел беше извидниците да стекнат голем број на нови алатки кои би ги искористиле за понатамошната работа во своите извиднички одреди, како и зголемување на мотивацијата и интернационалното искуство на учесниците.

Возрасните во извидништвото е систематска програма за управување со човекови ресурси со цел да се подобри ефикасноста, посветеноста и мотивацијата на организационите структури и да се произведат поквалитетни програми за младите луѓе и поефективна и ефикасна организација.

На обуката се обработуваа најразлични теми, меѓу кои:

  • Улогата на возрасните извидници
  • Управување со проекти
  • Управување со време
  • Комуникација
  • Размена на искуства

На крајот на обуката беше организирана меѓународна вечер каде што извидниците од Македонија и Данска ги претставија своите традиционални танци, пееа фолклорни песни и приготвија дел од својата традиционална храна.

Previous Image
Next Image