Ноќен хајк 2016

И оваа година го искачивме врвот на Водно!

Традиционално на роденденот на Лорд Баден Пауел, основачот на извидничкото движење, Сојуз на Извидници на Македонија организираше ноќен хајк до врвот на Водно.

Вечер помината во природа, со дружење, забава и игра на која учествуваа околу 70 учесници, од кои најголем дел беа извидници а дел и наши пријатели.

За безбедноста при искачувањето и спуштањето на планината Водно беа задолжени нашите пријатели од Црвен Крст.

Хајкот започна со свечено отворање на активноста на збирното место, Паркот на Новинари, каде беше потврдено присуството на извидници од скопските одреди ИПО Јадран, ИПО Галеб, ПСИО, ИО ММ Брицо, ИО Марково Крувче, ИО Браќа Миладиновци а и извидници од ИО Скаут од Куманово, ИО Феникс од Прилеп и ИО Димитар Влахов од Велес.

По планинските патчиња на Водно се искачија сите учесници до Средно Водно, каде имаше кратка пауза и се продолжи по асфалтираниот пат се до врвот на Водно и планинарскиот дом Даре Џамбаз.

По кратка пауза и планински чај започна и квизот „Планински коцки“ кој за прв пат го организиравме и се надеваме ќе стане традиција за наредни години. Со точно одговарање на прашањата победник на квизот беше ИПО Јадран. Браво за победата!

Среќен светски ден на извидниците!

Уште многу авантура, забава и дружење во текот на целата година!

Previous Image
Next Image