Ново истражување потврди: Извидниците ги зајакнуваат заедниците

Како извидници, веќе ни е познато дека извидништвото развива социјално ангажирани млади луѓе – поединци кои се љубопитни, љубезни, срдечни, активни, издржливи и опремени со вештини кои се важни во животот. Овојпат имаме и докази за да го потврдиме ваквото тврдење.

љњертѕ

Една нова истражувачка студија откри, односно потврди дека извидништвото развива силен ангажман кај младите луѓе во заедницата, поттикнувајќи култура на љубопитност и прифаќање. Студијата која беше спроведена од страна на SocStats, агенција специјализирана за мерење на влијанието во организациите на социјалниот сектор во Велика Британија, собрала податоци од повеќе од 2.000 млади луѓе, извидници и неизвидници.

Податоците до кои таа дошла се инспиративен потсетник за тоа зошто го правиме она што го правиме. Според студијата, извидништвото навистина може да го промени светот. Со создавање на култура на љубопитност и прифаќање кај младите луѓе, извидништвото ги зајакнува заедниците и придонесува за поголема социјална кохезија.

Еве неколку податоци од извештајот на британската агенција:

Влијание и инклузија на Заедницата

Во споредба со младите луѓе кои не се во извидништвото:
– Има една третина поголема веројатност извидниците да преземат активна улога во нивните заедници;
– Има една третина со поголема веројатност извидниците да помогнат во нивната локална област, да чувствуваат поголема одговорност кон нивната локална заедница и да волонтираат за да им помагаат на другите;
– Веројатноста е 18% поголема дека извидниците ќе бидат љубопитни за светот околу нив и 12% дека тие ќе ја прифатат различноста во потеклото на другите луѓе и верувањата.

Физичка и ментална благосостојба

- Изненадувачки, извидниците се 32% повеќе физички активни од младите луѓе кои не учествуваат во извидништвото;
– Извидниците имаат 13% поголема веројатност да покажат ментална еластичност.

Вештини за живот:

Истражувањето истакна дека извидништвото развива вештини кои се витални на работното место. Во споредба со колегите кои не се извидници, извидниците:
– Покажуваат 17% поголема веројатност во поседување лидерски вештини;
– Имаат 11% поголема веројатност да бидат подобри решавачи на проблемите;
– 19% поголема веројатност да покажат емоционална интелигенција;
– 17% поголема веројатност да можат да работат добро во тимови.

Целосниот извештај од оваа студија можете да ги погледнете тука.

Ајде, да им најдеме добра примена на овие резултати!

Се надеваме дека ова истражување ќе охрабри повеќе млади луѓе, како и повеќе волонтери да се вклучат во 2018/ 2019 година.

Извидништвото има толку многу што може да понуди, не само за поединците кои сакаат да развијат вештини кои ќе им го сменат животот, да градат пријателства и да добијат пристап до можностите да си го променат сопствениот живот, туку и животот на локалните заедници и општеството во целина.

Ајде да ги споиме нашите заедници преку извидништвото!