На што треба да внимавате кога палите логорски оган!

Ако ги прашате извидниците која им е омилена активност, сигурно голем дел од нив ќе одговорат – Логорски оган. Се прашувате зошто? Не само што е пријатно да се седи покрај топлината, особено во ладните есенски и зимски денови, туку тоа е и местото каде се собираат сите извидници на куп, каде се раскажуваат приказни и случки, каде се печат колбавчиња и колачиња мачмелоу, каде се создаваат спомени. Логорскиот оган му буди прекрасни сеќавања на секој возрасен извидник, го потсетува на убавите извиднички денови минати во камп на планина, во близина на некој планинарски дом, покрај езеро или река; едноставно кажано му буди чувства на топлина и блискост.


Убаво е да се седи и ужива покрај веќе запален оган, но некој сепак треба да води грижа и за околината, да внимава местото во близина на огнот да е заштитено од огнените пламенчиња, но и истото да биде соодветно згаснато и исчистено по напуштање на логорот.

Затоа, во овие ладни есенски денови ви ја претставуваме денешната жешка тема: Безбедност од оган. Ве информираме што ви е потребно за правилно да гори огнот, каква локација треба да изберете, како да го изградите вашиот логорски оган, но и како правилно да го изгасите огнот пред да го напуштите местото, осигурувајќи се дека нема да биде причинители за несакан шумски пожар.

 

ОГАН-1