Направи добро дело

По добрата практика од минатогодишната крводарителска акција и кампањата за “Направи добро дело”, Сојузот на извидници на Македонија во соработка со одредите членки, одлучи да ја повтори акцијата.

Во текот на февруари, одредите заедно со извидниците, покрај реализација на својата годишна програма, се фокусираа и на активности по повод 22ри февруари – Светскиот ден на извидници. Покрај тоа, дел од извидниците учествуваа и во конкурсот од Сојузот на извидници на Македонија за извиднички текст на тема “Зашто сум извидник?” по што најдобрите двајца извидници се стекнаа со вештарство “извидник писател”.

Секој од одредите, самостојно, реализираше акција за “Добро дело”. Некои од нив собираа храна, која подоцна ја делеа на тие што им е најпотребна, некои беа во посета на домови за стари лица и за деца без родители и некои собираа парични средства која подоцна беше доделена на социјално ранливо семејство. Прекрасни моменти поминати со секој од засегнатите, доловувајќи им насмевка на лицето.

Покрај самостојните акции, на 22ри февруари беше организирана хуманитарна акција за дарување крв во соработка со Црвениот Крст на Република Македонија, во домот на хуманитарни организации “Даре Џамбаз”. Одзивот на акцијата беше голем, каде што преку 60 извидници и пријатели на извидниците даруваа крв.

Нека овие наши акции Ви бидат мотив, за и Вие да ја споделите нашата идеја и сите заедно ДА СОЗДАДЕМЕ ПОДОБАР СВЕТ.

Previous Image
Next Image