Младинско организирање во Македонија

Декларативно споменувани како иднината на општеството,
младите во Македонија сочинуваат речиси една четвртина од целото
население, или поточно 480.828 жители од вкупно 2.022.547 на
возраст од 15-29 години. Сепак, и по 22 години самостојност, младите
се уште се на маргините на општеството, исклучени од процесите на
донесување на одлуки и без механизми за нивна поддршка.

Целта на оваа публикација е да ги обедини на едно место сите
клучни аспекти и термини кои ги засегаат младите, почнувајќи од
потребите и условите на законските рамки до кус преглед на постоечките
закони, тргнувајќи од потребите кои произлегуваат од недоволната
законска регулатива во младинсото поле на национално ниво, потоа
недоволното младинско учество во општеството, недостатокот на
квалитетни младински политики, како и потребата од објаснување
на улогата на штотуку основаниот Национален младински совет на
Македонија, како најголема младинска чадор организација.

Mladinsko organiziranje vo Makedonija_NMSM