Месец октомври – месец на Извиднички каравани

Како дел од Проектот „Градење на културни мостови помеѓу младите од Источна и Западна Македонија“, во месец октомври Караваните на Сојузот на извидници на Македонија посетија пет градови во Македонија, каде ги запознаа младите со дел од извидничките активности. Битола, Куманово, Гевгелија, Дебар и Виница имаа можност да се дружат со нашите волонтери, да научат по некоја извидничка игра, но и да си помуабетат и да дискутираат на теми интеркултура и меѓукултурни различности.

Како си поминавме, колку пат и часови поминавме во забава и другарување, колку млади ни се приклучија и што се научивме можете да видите подолу.

Infographie caravane copy

Битола (10.10.2018 г.) – Градски парк кај Саат-кулата

Куманово (12.10.2018 г.) – с. Пелинце, Горно Нагоричани

Во Куманово, Извидничкиот караван се одржа како дел од Државниот извиднички ориентационен натпревар – ДИОН, каде присутните извидници имаа можност да се запознаат со основите на извидништвото и да се опуштат со дел од интересните игри.

Гевгелија (16.10.2018 г.) – ОУ „Владо Кантарџиев“

Дебар (18.10.2018 г.) – Спортска сала во Дебар

Виница (12.10.2018 г.) – Градски парк во Виница