МАМАСФУД ДОО – спонзор на Европската извидничка академија 2018

МАМАСФУД ДОО со спонзорство на Европската извидничка академија 2018. Од оваа компанија решија своите вкусни традиционални производи да ги претстават пред повеќе од 200 учесници од 40 земји од Европа, овозможувајќи му на секој учесник да си понесе мал „зачинет спомен“ од Македонија.

DSC_1762

Во периодот 30.10- 04.11.2018 година во хотел „Континентал“ во Скопје се одржува Европската извидничка академија 2018, чиј домаќин годинава е Сојузот на извидници на Македонија. Овој е уникатен извиднички и водечки настан, дизајниран за да им пружи на учесниците висококвалитетен тренинг и можности за создавање на нови контакти во рамките на Европските региони и WOSM (Светската извидничка организација).

За време на овој настан под мотото „Петте зачини на извидништвото“ повеќе од 200 учесници од 40 земји во Европа имаат можност да ја пробаат вкусната храна која ја нуди нашето поднебје, но и да се запознаат со туристичките локации и природни убавини кои ги нуди Градот Скопје преку разни игри и работилници.

Како дел од Европската академија се одржа интернационална вечер каде секоја од земјите учеснички имаше можност да претстави производи и услуги кои ја карактеризираат нивната земја. Остатокот од присутните беа воодушевени од најразличните јадења и пијалоци, но секако дека најголем впечаток остави нашиот македонски ајвар кој е надалеку познат. Благодарение на МАМАСФУД, учесниците на академијата кои доаѓаат надвор од Македонија имаа можност да уживаат во овој традиционален македонски специјалитет.