Летен камп 2019

Повеќе од 100 деца и млади луѓе на возраст од 12-16 години беа дел од летувањето во Извидничкиот Центар Охрид, кое се одржа од 21-28 Јули.

Покрај извидниците, вклучени беа и децата од SOS Детско село и Дневниот центар за деца на улица – Шуто Оризари.
А, во меѓувреме, 30 мотивирни волонтери од Македонија и Франција неуморно работеа за успешна реазлизација на програмскиот дел, како и на логистиката на овој камп.

Програмата опфати различни области, почнувајќи од водени и забавни игри, извиднички вештини, екологија и одржлив развој. Водени по принципот учење преку работа и забава, имавме едно незаборавно летување во Охрид.
67373877_2449426035119270_600768708125655040_o_2449426011785939

67401875_2449426558452551_3797074036844920832_o_2449426551785885

67456347_2451724558222751_4561734200155176960_o_2451724544889419

67289767_2447788091949731_4454959835707867136_o_2447788085283065