Конкурс за уметничко дело

Сојузот на извидници на Македонија по повод 60 години од своето основање и Светскиот ден на извидниците, 22 Февруари, објавува конкурс за уметничко дело – слика, фотографија или скулптура на тема: Извидници.

Сите пристигнати квалификувани дела ќе бидат изложени во Уметничката галерија “КОРА” во Дом на Култура “Кочо Рацин” во период (19.02.2014-среда- до 28.02.2014- сабота).

За најуспешните 3(три) дела следуваат плакети и награди со награден фонд од 50 000.00 денари.

Сите изложени дела ќе бидат понудени на аукција која ќе се одржи на 19.02.2014- среда-, како завршен настан од прославата по повод 60 години од основањето на Сојузот на Извидниците на Македонија и 22 Февруари Светскиот ден на извидниците.

Собраните средства ќе бидат наменети за поддршка на функционирањето на Сојузот на Извидниците на Македонија и Извидничките одреди од Република Македонија.

Конкурсот е отворен за сите лица кои сакаат да учествуваат. Делата треба да се достават до Сојузот на Извидниците на Македонија ул. Вељко Влаховиќ 20/А  1000 Скопје (Дом на Култура “Кочо Рацин”) и заедно со делото задолжително  да се испрати и писмена изјава која ќе ги содржи податоците за авторот, ќе гарантира дека лицето е автор на делото и со која авторот се согласува делото по изложбата да остане во сопственост на Сојузот на Извидниците на Македонија.

Краен рок за поднесување на уметничките дела е 14.02.2014.