КОНКУРС [Асистент за комуникација и односи со јавност]

Во согласност со потребите на извршните тела на организацијата, Сојуз на извидници на Македонија објавува:

                                                           КОНКУРС

                      За ангажирање на Асистент за комуникација и односи со јавност

Комуникацискиот асистент/ка ќе биде одговорен/а за водење на комуникациските канали на организацијата, вклучително:

 Оддржување на комуникација со одреди
 Оддржување и воспоставување комуникација со институции и партнери
 Изготвување на официјални документи
 Комуникација со медиуми
 Оддржување на социјалните медиуми и веб страната на организацијата
 Изготвување на визуелна комуникација (дизајн, инфографик, итн)
 Поддршка во развивање и имплементирање на комуникациска стратегија
 Учество во организирање на настани и нивно реализирање

Потребни квалификации :

- Завршено средно образование
– Познавање на компјутери (MS Office пакет програми)
– Познавање, говорење и пишување на Македонски, Англиски и Албански на напредно ниво
– Познавање на Photoshop, Illustrator, InDesign и останати програми за графички дизајн се сметаат за предност

Личен профил :

- Одлични говорни и пишани комуникациски способности
– Искуство во креирање и следење на образовни програми
– Развиени презентациски вештини
– Амбициозност, енергичност и иницијативност
– Способност за работа во тим
– Креативност за дизајн и визулена комуникација
– Можност за флексибилно работно време по потреба и викенд
– Работа со луѓе со различна социјална и културна позадина

Работното време за оваа позиција e 40 часа неделно, од понеделник до петок, од 09:00 до 17:00 часот. Ангажманот за оваа позиција е предвидено да започне на почетокот на месец март 2018, а ќе трае 12 месеци со можност за продолжување во зависност од потребите на организацијата.

Заинтересираните кандидати својата кратка биографија (CV 2 страни) и мотивационо писмо (1 страна), треба да ја испратат најдоцна до 01 Февруари 2018 година, до 17 часот, на следнава електронска адреса: sim@scout.org.mk со назнака: апликација за комуникациски асистент.

Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат наведените услови и кои нема да бидат испратени до предвидениот рок нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.