Климатски промени

Публикацијата Климатски Промени е публикација која е дел од Зелената кутија која е комплементарна на програмата КОМПАС. Оваа публикација е изработена со поддршка на Швајцарската Амбасада во Македонија и Швајцарската Развојна Агенција.

Оваа публикација е креирана со цел да ви помогне преку активности, игри и забава да научите за климатските промени., кои се нивните последици и влијанија, а со тоа и да ве мотивира да превземете акција за борба со климатските промени кон создавање на еден подобар свет.

„Климатски Промени“ е составена од 7 глави кои ве водат од почетокот и воведот за Живиот свет, па преку Факти и Предвидувања, се до игрите, вештарствата и активностите кои можете да ги имплементирате и реазлизирате на оваа тема.

Публикацијата можете да ја симнете бесплатно од нашата веб страна со кликање овде и препорачуваме веднаш да започнете со активностите заедно со вашата патрола.

Ви посакуваме многу нови научени работи за климатските промени и нивното влијание, кои се надеваме дека ќе ве поттикнат и да се ангажирате и превземете акција.

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ