Како да ја планирате вашата програма за новата извидничка година

Во септември започнува и новата Извидничка година, а со неа и можноста за промени. Затоа освежете ја Вашата програма и пробајте нешто ново. Новата извидничка година не е само време кога треба да ги разгледувате вашите минати резултати, туку тоа е период кога треба да размислувате за идните нешта, за годишната програма која стои пред вас и што вие би сакале да постигнат вашите извиднички одреди. На што треба да се фокусирате и што треба да развиете за вашата идна програма да биде уште подобра од претходната?

_DSC3512
Еве неколку идеи…

 

Осврт
Новата извидничка година дава одлична можност за да направите осврт на вашата програма, да дознаете од вашите извидници што сакаат повеќе (и помалку) за во иднина. Да се добие повратна информација од нив е важно, а кога тие самите ќе видат како нивните идеи се претвораат во реалност, тоа ќе претставува уште поголема награда за нив и за вас. Стартувајте сесија со вашите извидници за да дознаете што најмногу уживале да направат, што воедно ќе ви помогне во планирањето на идните активности. Тие ќе ви дадат индикација дали ви недостасува нешто што може да ви помогне да испорачате програма со повисок квалитет. Правењето на некои мали промени би можело да има големо влијание врз вашата програма за следната година.
Исто така, важно е да се препознаат работите кои се одвиваат во навистина добра насока. Иако секогаш постои простор за подобрување, важно е како лидерски тим да го препознаете она што сте го постигнале и да го прославите.

 

Направете план и организирајте се
Дајте си себеси време да планирате со вашиот тим. Запомнете да ги поканите водачите од иста возраст, младите лидери и сите повремени помошници за да додадете дополнителна вредност. Планирајте нешто во детали, но размислете и за поставување на општ преглед на годината што следи. Постојат многу ресурси меѓу членовите кои ќе ви помогнат да ја планирате вашата програма. Планирањето однапред ќе ви помогне во понатамошните позафатени периоди во текот на годината, а ќе ви помогне и да видите кои беџови и награди сте ги покриле. Имањето флексибилен план ќе ви овозможи да ја развивате програмата, бидејќи ќе добивате идеи и повратни информации од извидниците во текот на целата година.
Употребете голем програмски планер со кој ќе можете да ја планирате програмата на целата година, кој ќе го ставите на ѕид на вашето место за средби, каде целиот тим ќе има увид и ќе знае што е на ред секоја недела.
Додека планирате, почнете да размислувате за некои од ресурсите кои е можно да ви бидат потребни, што ќе помогне да ги избегнете гужвите во супермаркетите! Добра идеја е да имате јасни временски ограничувања за планирање на состаноците, така што сите кои ќе присуствуваат ќе знаат точно колку долго ќе трае состанокот, а од друга страна ќе се осигурате дека не сте навлегле премногу длабоко во деталите. Доколку имате Агендата, тоа ќе ви помогне.
Откако тимот ќе заврши пишувањето на програмата, предизвикајте ги да отидат и уште еднаш да ги разгледаат сесиите за да видам дали има начин да ги подобрат?

 

Делегирајте
Делегирањето е една од најважните работи. Доколку сѐ преземете на свој грб, нема да издржите. Не плашете се да побарате помош од другите. Секој има различни вештини, знаење и искуство. Вклучете го целиот ваш лидерски тим и објаснете кои се одговорности на сите.
Родителите се исто така одлично место за поддршка. Знаејќи кои вештини ги имаат родителите ќе ви овозможат да утврдите кои сесии тие најмногу ги вреднуваат. Состанокот на родителите може да помогне да се идентификуваат родителите кои би можеле да бидат добри повремени помошници или помошници за одредени секции. Запомнете, луѓето сакаат да волонтираат на места каде се чувствуваат забавно и охрабрувачки.

 

Изградете односи
Поминете време со лидерите. Ова не само што ќе помогне да ја олесните транзицијата за извидниците во вашиот одред, туку најверојатно ќе откриете дека имате слични предизвици. Можеби ќе можете да собирате ресурси или да стартувате заедно некои групни настани како би поминале со помалку трошоци. Ова исто така, им помага на младите во вашиот одред да видат дека се дел од нешто поголемо.

 

Поставете ги очекувањата со вашиот одред
Користете ја вашата програма за следната година за да ги ресетирате очекувањата со вашиот одред и да продолжите да ги вградувате вредностите на Извидништвото. Не заборавајте да планирате време во вашата програма каде младите луѓе ќе можат да размислат за нивниот завет и вредностите на извидништвото. Може да размислите за обновување на заветот како целина – поканете ги вашите млади да сугерираат место и одберете датум што е значаен, ставајќи ги нивните идеи во кутија или на гласање.

 

Имајте визија и споделете ја
Важно е да размислите што сакате да постигнете следната година. Што сакате младите во вашиот одред да кажат за извидништвото? Како би сакале да се чувствува вашето раководството? Запомнете, да се биде волонтер е прекрасно искуство, бидејќи активно ги менувате животите со тоа што им давате фантастични можности на младите луѓе.
Користењето на новата извидничка година како можност за освежување и заживување на вашата програма и вашиот пристап ќе ви помогне да се чувствувате поорганизирано и под контрола, што ќе ви овозможи да испорачате и програма со која младите ќе имаат спомени и вештини кои ќе им траат цел живот.