Како да имате информирани родители

Состаноците со родителите на Развигорците се одржуваат од време на време, а понекогаш тие се дел и од активностите во кои учествуваат нивните деца. За време на тие настани, извидниците во меѓусебната комуникација користат најразлични фрази и термини, кои во голем број од случаите, родителите не ги разбираат. Наједноставниот начин како би им би објасниле тие непознати и нови за нив термини, е да подготвите прирачник кој ќе ги содржи најосновните фрази и зборови кои ги користите со вашите Развигорци, но и при комуникацијата со останатите извидници од вашиот одред или од Сојузот. Така, родителите ќе се чувствуваат како дел од јатото на нивните деца, а воедно ќе имаат и поголема доверба во водачите.

 scout book

Прирачник

Можеби изгледа забавно и модерно да користите жаргон, но пред сѐ, треба да помислите на оние кои не го разбираат истиот и да отидете еден чекор понапред, обезбедувајќи им на родителите прирачник кој ги воведува во извидништвото воопшто и поединечно во светот на јатото на нивните деца. Ако немате прирачник, тогаш истиот можете да го креирате во периоди кога Вашиот одред и Сојузот во целина немаат многу активности на кои треба да учествувате, како на пример, во текот на летото.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да создадете подобар прирачник за родителите кој ќе го привлече и задржи нивното внимание.

Избор на содржината

Направете едноставен прирачник кој ќе ги покрива следните теми:

Основно извидништво кај Развигорците: Целта на програмата, која е структурата на јатото Развигорци и како функционира програмата за унапредување.

Основни податоци за Развигорците: Детали за вашето организирање, кога и каде се среќавате.

Активности и излети: Информации за кампувања, летни активности и големи настани како Смотра, лига и слично.

Лидерство: Лидерски позиции и улогата на родителите.

Финансии: Трошоци за членство, такси и можности за собирање финансиски средства.

Униформи: Каде можат да се купат униформи и како се нанесуваат беџовите од освоените вештартства.

Комуникација: Детали за билтенот на јатото, веб-страницата и присуството на социјалните медиуми.

Кодекс на однесување и политика на дисциплина: Определување на упатствата за заштита на младите во извидништвото.

Ресурси: Информации за списанија за извидништвото и извидниците, Сојузот на извидници на Македонија и слично.

Исто така, размислете околу прашањата коишто луѓето често ви ги поставуваат. Доколку не можат да најдат одговори на нивните прашања на веќе постоечките интернет или Фејсбук страница, тогаш одговорот понудете им го токму во тој прирачник кој ќе го подготвите.

Ажурирање на содржината

Некои информации ќе се променат. Добро е еднаш годишно да седнете и да разгледате кои информации се смениле во текот на изминатата година, како би можеле соодветно тие промени да го смените и прирачникот и податоците на вашите профили на социјалните мрежи.

Но, не се потпирајте само на работите кои можете да ги забележите и видите само од аспект на вашата позиција во извидничкиот одред. Добро е при ревидирањето на промените и на претходно изготвените прирачници, да се советувате и со лидерите на јатата во вашиот одред, но и надвор од него. Повеќе глави секогаш значат повеќе гледишта и нови идеи за промени.

За крај, немојте да бидете изненадени доколку други извидници сакаат да ја „позајмат“ вашата работа. Дозволете им на останатите да го користат вашиот прирачник како урнек за нешто ново, што тие самите ќе го создадат. Можеби од нивните прирачници ќе излезе некоја нова идеја која вие подоцна ќе можете да ја искористите во вашата секојдневна работа.