Каков извиднички центар сакам?

Од 24 – 26.05.2019 во Извиднички центар Охрид се реализираше првата работилница насловена како “Каков извиднички центар сакам?”. Настанот беше наменет за млади и волонтери над 16 години кои сакаа да ги постават насоките на центарот во кој тој ќе се развива. Преку работилници и интерактивни сесии, учесниците имаа можност да развиваат програмски пакети кои ќе бидат понудени во центарот за гостите. Програмските пакети ќе бидат составени од активности на вода, креативни работилници, авантура, екологија, култура и спорт. А и се развиваше методологија и стратегија за управување со отпад, креирање на пермакултурна градина и воспоставување на еколошки решенија за центарот. Настанот е дел од проектот “Подобрување на активностите и искуствата на младите во Охрид” со цел зголемување на програмската понуда на извидничкиот центар во Охрид, во партнерство со Националниот младински совет на Македонија и Гоу Грин.

ицо2

ицо3

ицо4

ицо5

ицо8