Skip to content Skip to footer

На 20-ти Мај 1972 година на Градиштанска Планина (Ѓуриште) е одржана првата извидничка акција во општината Свети Николе. Оваа акција е поврзана со почетокот на работата на Извидничкиот одред Гоце Делчев кој во изминативе 40 години е главниот носител на извидничкото движење во општината Свети Николе.

Ми претставува голема чест да Ве поканам на свечената седница по повод 40 години од извидничкото движење во општина Свети Николе која ќе се одржи на ден 22-ри Септември (Сабота) 2012 година со почеток во 19 часот во извидничкиот дом во село Орел. Свечената седница ќе биде дел од средбите на извидници Орел 2012.

Ставете ги марамите на врат, пребарајте по вашите стари работи и најдете ја вашата извидничка книшка или легитимација, земете по некоја интересна фотографија од извидничките акции на кои сте учествувале, некоја стара касета или ЦД со музика на која сте пееле и играле во извидници, земете ја песнарката, облечете ги “гојзериците”, ставете ја гитарата на рамо, земете ги вашите најблиски и со насмевка на лице придружете се на свечената седница и забавата околу извидничкиот оган во извидничкиот дом во село Орел.

Се трудиме оваа покана да стигне до сите стари членови на Извидничкиот одред Гоце Делчев, слободно доколку сте во контакт со некои од нив, споделете ја поканата, пренесете ја информацијата за сите заедно го прославиме големиот јубилеј на 40 години извидничкото движење во општина Свети Николе.

Со извиднички поздрав,

Организационен одбор на средби на извидници Орел 2012