Ровери

Роверите се организираат во клубови, кои се основните организации и работни групи, преку кои ги реализираат своите програмски и друштвени активности. Во клубовите, за полесно спроведување на активностите, се формираат секции и групи, кои можат да бидат со постојан и привремен карактер, во зависност од склоностите на членството и видовите на активности со кои тие сакаат да се занимаваат. Клубот делува во извидничкиот одред, во полна синхронизација и координација со работата на младите членови, а повремено можат да се здружат и со другите клубови, на сите нивоа во организирање. Клубот има свое име и знак или знаме, во склоп со важечките правилници. Роверскиот клуб може да биде формиран и од повеќе извидници-ровери од различни извиднички одреди, студенти и
слично.