ИПО „Јадран“ во градинката „Буба Мара“, населба Лисиче

На 15.11.2018 началникот, дел од водачите и извидниците од категоријата Истражувачи од Извидничкиот поречански одред „Јадран“ го посетија објектот „Пчелка 1“ на градинката „Буба Мара“ во населба Лисиче, Скопје.

46312971_2244121169208540_7718296615936589824_o

Дечињата во оваа градинка цел месец Ноември со нивните наставнички и воспитувачки работат на тема Извидништво, па извидниците од овој одред решија да ги посетат и во пракса им покажат дел од активностите и игрите кои тие ги практикуваат.

Притоа, дечињата се запознаа повеќе со извидништвото, пееја, играа, научија како да наредат дрва за палење оган, но и како да се поздравуваат како вистински извидници.

46121221_2244120692541921_3241605826258927616_o 46279523_2244122365875087_8388125168366518272_o 46342173_2244121312541859_8873929254224527360_o 46355417_2244122062541784_132974897608523776_o 46438421_2244121722541818_7693193558588653568_o 46476104_2244121069208550_3809241782273703936_o

Од овој извиднички одред, најавуваат уште многу активности, каде најмладите ќе ги запознаат со извидништвото и со поимот што значи да се биде извидник, со надеж дека еден ден овие мали деца ќе прераснат во возрасни, независни и одговорни извидници кои ќе знаат да се снајдат во различни ситуации во животот.