ИПО „Галеб“ и ЈП „Паркови и зеленило“ за чисто Скопје

Извидниците на ИПО Галеб во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје одржаа состанок во Цветната Градина, каде што научија многу за растителниот свет во нашата околина и засадија неколку цвеќиња со цел да ја разубават природата во која живеат, додека директорот на оваа институција, Ардијан Муча, научи неколку од основите на извидништвото, но и како да врзува чворови.

44495318_2174201299496262_3804670957818216448_n
Сѐ на сѐ, сите си поминаа забавно и научија по нешто ново. Дали е ова почеток на една потенцијална соработка помеѓу ЈП „Паркови и зеленило“ и ИПО „Галеб“ останува да видиме во иднина.