ИПО „Галеб“ и Развигорците во „Извидникот во земјата на чудата“

Секое дете има бујна фантазија како и Алиса во земјата на чудата, па имајќи го тоа предвид, ИПО „Галеб“ го искористи убавото сончево време и на 24.10.2018 г. во Катланово ја организираше акцијата „Извидникот во земјата на чудата“, на која освен извидниците од ИПО „Галеб“ учествуваше и јатото „Трски“ од Првиот Скопски Извиднички Одред.

44907361_1845314285581547_9044276118269460480_o


Подготвувајќи им на Развигорците мини стаза со инструкции и задачи ги воведоа во Светот на извидничките чуда. Сѐ на сѐ, многу забава, песнички и колбавчиња и прекрасно поминато време во сончевото Катланово. Како најмладите си поминаа, можете и самите да оцените.