ИПО „Галеб“ во Словенија како дел од Еразмус младинската размена „Толку различни, но сепак исти“

Во периодот 19 – 27.10.2018 г. во Мурска Собота, Словенија, се одржа Еразмус младинската размена со тема „Толку различни, но сепак исти“, во организација на „Младински совет Нова генерација“, на која учествуваа тројца извидници од ИПО „Галеб“. На настанот учествуваа повеќе од 40 млади од балканските земји Босна и Херцеговина, Македонија, Словенија и Хрватска.

45008098_1847535732026069_4130370611480363008_n

Присуството на нашите извидници беше овозможено преку соработката со невладината организација „Next Generation“, која инаку се занимава со создавање на можности за млади луѓе, промоција на студентска размена во различни држави, летни и земски кампови, сѐ со цел подобрување на меѓусебното разбирање на културите и традициите на различни држави.

44946870_1847535585359417_12818475923800064_n

За време на настанот, преку различни интерактивни работилници и активности, младите учесници имаа можност да научат многу нови нешта за секоја од земјите учеснички, нивните култури и традиции, но и како подобро да комуницираат и да работат во тим, иако потекнуваат од различни земји и позадини.

44938968_1847535458692763_8404428872812068864_n 44942798_1847535425359433_1922690690429485056_n 44943449_1847535312026111_2455204598625861632_n 45000093_1847535628692746_316785062492241920_n 45131916_1847535362026106_6366094113468579840_n