ИО „Еквинокс“ покажаа дека извидничкиот хајк е одлична можност за соработка со НВО

И во оние моменти кога најмалку очекувате да остварите соработка или контакт, сепак постои можност да ги пронајдете заедничките нешта со другата страна и да направите нешто повеќе за младите околу нас.

Извидничкиот одред „Еквинокс“ во соработка со невладината организација GLOW/YMLP Club Shtip која се залага за развивање на вештини и знаење кај младите кое им е потребно со цел да станат активни лидери во нивните заедници, на 21.10.2018 година организираа хајк над градот Штип.

44445854_2869105976493379_8854625631086837760_o


Извидниците се запознаа со активностите на GLOW/YMLP Club Shtip, додека невладината организација се запозна со извидништвото. Се запознаа, се дружеа, забавуваа, натпреваруваа и го видоа Штип од една поинаква и несекојдневна перспектива. Уште еден незаборавен момент, вреден да се запише во извидничкиот споменар!

44444431_2869105063160137_5261135947470209024_o 44445353_2869104323160211_4862480806792134656_o 44458542_2869104463160197_6481304768642809856_o