ИО „Еквинокс“ дел од иницијативата за „Закон за млади“

Извидниците секогаш работат во насока на подобрување на условите и околината во која младите се развиваат. Регулирани права се секогаш добредојдена опција која на младината ѝ дава чувство на сигурност, безбедност и сила да ги презентираат своите идеи и замисли за подобро утре за сите нас.

Затоа, извидниците заедно со други граѓански организации активно ја подржуваат иницијативата за создавање на Закон за млади со кој треба да се решат клучни проблеми кои ги засегаат младите во Република Македонија.

Почетокот на месец октомври, извидниците од ИО „Еквинокс“, Штип, беа дел од дебатата за Законот за млади, на која беа отворени важни прашања кои го засегаат секој млад човек и ги штитат неговите права како личност која иако е малолетна, сепак има сови права и можности, кои со помош на овој закон би биле и правно заштитени.

43568006_2846510865419557_3256220616419704832_n 43622173_2846510952086215_1906448554340122624_n