ИО „Брицо“ во културна прошетка низ Старата скопска чаршија и Кале

Минатиот викенд, 40 Извидници и Развигорци од извидничкиот одред „Брицо“ со помош на своите водачи ги истражија Старата скопска чаршија и Калето. Дел од викенд-прошетката на ИО „Брицо“ беа и Камениот мост, Златарската улица, Даут Пашиниот Амам и Калето.45858728_2162541477118717_8070387980344229888_n
Се запознаа со старите занаети кои за жал, се живи и се негуваат само во овој дел од градот. Своите тајни и знаења со нив ги споделија опиничарот, филигранџијата, кројачот и шапкарот, а приказните кои тие им ги раскажаа на Развигорците и Извидниците го привлекоа и задржаа целото нивно внимание.

Младите извидници се запознаа и со други занаети за до претходно не ни очекуваа дека постојат како, јорганџиство, копаничарство и папуџиство. Видоа и научија интересни факти за традиционалните носии и килимите од различни краеви во Македонија.

45772512_2162540923785439_8217766686435049472_n
Убавото сончево време го искористија за да ја вкусат преубавата баклава, ги дегустираат ќебапчињата чија арома надалеку се шири низ сокаците на чаршијата, додека некои од нив да се освежат со турско кафе и чај кои локалните угостители им ги послужија во традиционални ѓезвиња, филџани и чаши.

На самиот крај од прошетката, го ослободија детскиот дух низ ливадите во паркот Кале.