ИО „Браќа Миладиновци“ успешно ја реализираше акцијата „Извидниците за својот град“

Традиционално уште од 1980 година, па сѐ до ден денес И.О. „Браќа Миладиновци“ редовно ја организира акцијата по повод Денот на ослободување на градот Скопје, 13-ти Ноември 1944 година. Годинава во саботата, на 17.11.2018 г., во општина Аеродром се одржа 38-та по ред акција под насловот „Извидниците за својот град“ на која учествуваа 34 екипи во категориите Развигорци, Извидници и Истражувачи, односно беа присутни над 150 извидници, учесници и организатори.

46390632_10155635153230870_1271308627398885376_o

Освен сите скопски извиднички одреди, имаше учесници и од И.О. „Димитар Влахов“ – Велес, И.О. „Мирко Милески“ – Кичево, И.О. „Еквинокс“ – Штип, И.О. „Армонија“ – Виница и И.О. „Скаут“ – Куманово. Од најмлад до највозрасен сите се натпреваруваа, а на крајот најдобрите си заминаа со благодарници и пехари за освоените места.

Како си поминаа и колку се забавуваа извидниците за време на акцијата, проценете самите.