Интернационален тренинг за патролни лидери

Од 5-ти до 12-ти Јули се оддржува тренингот за патролни лидери кој Сојузот на извидници на Македонија во соработка со Данските извидници го организира по вторпат.

28 млади извидници ќе бидат дел од овој тренинг камп кој ќе се оддржува во Скребатно во близина на градот Охрид.

Во текот на овие 7 дена извидниците ќе имаат можност да се стекнат со вештини и алатки кои ќе им помогнат да напредуваат и да станат успешни водачи на патроли и јата, ќе стекнат огромно интернационално искуство, а воедно ќе имаат и голем број на забавни и авантуристички активности.

Previous Image
Next Image