Skip to content Skip to footer

Почитувани,

Со големо задоволство Ве покануваме на продолжителниот прв степен на инструкторска школа по wood badge системот на Светската организација на извидничкото движње во организација на Сојузот на извидници на Македонија.

Учесниците на оваа школа ќе имаат можност да се здобијат со теоретско и практично
знаење и вештини неопходни за одвивање на процесите во извидништвото како водачи на младински клуб, началник на извиднички одред како и дел од комесаријатите на Сојузот на извидници на Македонија. Покрај тоа , учесниците на оваа школа од продолжителен степен, напредно ќе ги изучуваат извидничките принципи и методи, едукацијата во извидништвото, како и важноста и предизвиците од улогата на возрасните во извидништвото.

Понатаму, разработени ќе бидат методите на разрешување на комплексни конфликти и нивна понатамошна трансформација во трајни и одржливи решенија.

На оваа продолжителна школа ќе имате можност да ги одбраните претходно одбраните проекти кои сте ги одбрале и реализирале. Услов за учество на оваа школа е претходно посетена инструкторска школа од прв степен – прв дел.

Инструкторската школа се одржува во партнерство со данските извидници и е подржана од АСОЦИО, проект за подршка на Југоисточна Европа.

Место и датум на одржување: село Катлановска Брезица 10-15 Октомври 2013 година.

За подетални информации обратете се кај надлежните во извидничките одреди или во канцеларијата на СИМ.

Крајниот рок за пријавување на Вашите проекти како и на Вашето присуство е 1-ви Октомври 2013 година.