Иницијатива за нов одред во Штип

И во сабота за извидниците има работа.

Сабота, 23 Јануари, снег и прекрасно сончево време, неколку извидници од СИМ повешти и поспремни од кога било се упатија кон Штип, но нивната цел не беше од рекреативен тип, туку да се запознаат со младите таму, а и младите со извидништвото.

Кои сме, што сме, што правиме ние и извидницте низ светот, како „извидуваме“ беа неколку од прашањата кои им беа одговорени на младите на првиот заеднички состанок. Теорија па пракса, по презентацијата следеа и работилници кои нам ни се добро познати, како да скријат порака и извиднички јазли.

По долгата работа и некои заплеткани прсти дојде редот и тие се покажаа како добри домаќини и беа наши водичи низ Штип, прошетка која заврши на тврдината Исарот, а ние како спремни извидници уште еднаш им покажавме што се можеме со подготвување на работилница стреличарство.

Го нарековме состанок, но ова беше ден исполнет со задоволства што ќе ни останат во паметење. Благодарни сме на Советот на Млади – Штип за овој ден и што ја прифатија нашата иницијатива за создавање извиднички одред во нивниот град и се надеваме дека еден ден Штип ќе биде познат по нивните извонредни извидници како што е денес по својата пастрмајлија.

Отидовме, извидувавме, „освоивме“!

 

Previous Image
Next Image