Извидници

izvidniciИзвидници (од 16 години до 18 години). Во оваа категорија спаѓаат млади кои одат во средно училиште. Ова е првата категорија на членови кои превземаат некаква поголема обврска во своите одреди, како помош при организација, при водење на патроли и јата итн. Се групираат во клубови на средношколци. Тоа е група на извидници на која најголема мотивација им се извидничките натпреварувања кои добиваат посериозен карактер, меѓу кои спаѓа и државниот натпревар – РИОН (Републички Извиднички Орентационен Натпревар). Исто така учествуваат и на многубројните обуки, тренинзи и семинари со кои се надоградуваат и се обучуваат за да можат да го пренесат своето знаење и да допринесат во развивањето на своите одреди и на самиот Сојуз.Над 19 годишна возраст преминуваат во категорија Истражувачи и истражувачки (од 19 години до 24 година).