Извидниците ќе го промовираат туризмот на Пониква и Осоговските Планини

На 29.08.2018 во Кочани извидниците од ИО „Ластовица“ го презентираа Извидништвото пред високи домашни и странски функционери и неговиот импакт врз развојот на туризмот во Источна Македонија.

42996793_10214130442675409_8630188167959412736_n

Денови на кочанскиот ориз е културна манифестација што се одржува секоја година во првата половина на септември и е посветена на оризот – симболот на кочанскиот крај. Годинава, ИО „Ластовица“ од Кочани, на 29.09.2018 беше дел од програмата на овој настан, каде нивни членови беа дел од промоторите на можностите на Пониква и Осоговските Планини.

 

Во склоп на манифестацијата беше отворен инфо-туристичкиот центар, кој со помош на извидништвото ќе ги промовира убавите предели на Источна Македонија.

 

Кочанските извидници од ИО „Ластовица“ ги промовираа извидничките вештини и вредности пред градоначалникот на град Кочани, амбасадори од ЕУ и министри во Владата на РМ, со што покажаа дека туризмот, кој е значајна стопанска гранка на една земја, може да ѝ биде претставен на пошироката јавност и преку вештините на кои се учат младите извидници уште од мали нозе, а кои се од особена важност во нивниот понатамошен живот.

43046241_10214130274471204_4476418656254820352_n 43012819_10214130274351201_6571285055048515584_n