Извидниците од Велес го уредија домот на НВО

На овој настан се изврши интервенција во јавниот простор, поточно репарирање и менување на покривната конструкција на Летниковецот, фарбање и фарбање на клупите и постоечката маса. Исто така се изврши фарбање на ѕидот на зградата од Домот на НВО кој бше покриен со невкусни графити и на некои места со оштетена фасада.

Покрај овие активности, беше средена и кровната конструкција на Домот на НВО и тоа со чистење на кровот од голем број паднати дрва, чистење на хоризнталните и вертикалните олуци и одстранување на голем број на паднати кабли од стара кабловска интернет и тв инсталација. Исто така, средување на магацинскиот простор на одредот со замена на скршените ќерамиди на магацинскиот кров и фарбање на ѕидот на магацинот кој е нагрден со невкусни графити

Целта е подигање на свеста кај граѓаните за уреден и незагаден јавен простор, искористување на јавниот простор и негово разубавување.

48419771_306860996605105_5348291403820564480_n-1-768x576

насловна-4-768x576

насловна-3-768x576