Извидниците на ДИОН

Во периодот 11 – 14.10.2018 во село Пелинце, Старо Нагоричани, се одржа Десеттото коло од извидничката лига и воедно Државниот извиднички ориентационен натпревар – ДИОН, за време на кој извидниците од разни одреди ширум Македонија и различни категории имаа можност да се дружат, натпреваруваат и освојат награди.

ДИОН

Се натпреваруваа Извидници, Истражувачи и Ровери во различни дисциплини кои беа дел од сите претходни кола на Извидничката лига, додека Развигорците се натпреварува посебно од извидничката лига во основни извиднички вештини, како: јазли, полигонски игри, рачна изработка, снаодливост, загатки, скриени вештини, снаодливост итн.

Каква беше атмосфера таму, видете самите.