Извидниците и „Вистински дела на љубезност“

Извидниците од цела Македонија ја искористија приликата да донираат вкусно приготвена храна за оние на кои таа им е најпотребна. Во соработка со иницијативата „Вистински дела на љубезност“ во саботата беше донирана храната која остана од настанот кој тие го организираа во склоп на Европската извидничка академија 2018.

 45513366_2195563207399995_6854662247004766208_o

На 03.11.2018 г. во хотел „Континентал“ се одржа Националата вечер и воедно официјалното затворање на Европската извидничка академија 2018. Многу вкусна храна беше дегустирана, но сепак и остана голем дел од неа. Водејќи се од начелото да им се помага на оние кои имаат потреба, тие донираа најразлична приготвена храна, гравче, салати, лиснати, сувомеснати и меснати производи. 14 бездомни семејства кои се сместени во кампот во Визбегово и 20 семејства во населбата Момин Поток добија пакети со храна.

 45403637_2195563290733320_586768046748598272_o 45421945_2195561697400146_4235642480403415040_o 45488849_2195563474066635_2047359374690615296_o 45643883_2195563347399981_3134413883616264192_o45494911_2195563027400013_96888092761260032_o45430411_2195562210733428_6430382618474184704_n

Со донации од страна и на други организации и поединци, иницијативата „Вистински дела на љубезност“ овој викенд успеа да направи разнолики пакетчиња со зготвена храна и да им понуди барем неколку оброци на овие семејства, кои навистина имаат потреба од нив.