Skip to content Skip to footer

На 21.12.2019 се организираше волонтерска забава за заокружување на уште една успешна година за која најзаслужни беа баш тие, ВОЛОНТЕРИТЕ!!!

Повеќе од 100 извидници од целата држава беа присутни на забавата во Домот на градежници каде покрај музика и песни и многу смеа се избра и извидникот на годината. Бојан Ѓошев, со својот ангажман на локално ниво во First Scout Unit of Skopje, Macedonia, водач на јато развигорци, иницијатор и организатор на извиднички кампови, еколошки акции, инклузивни активности, беше одбран за извидник на годината.

Гласањето се одвиваше на начинот што секој регистриран извидник во Сојузот ја имаше можноста да номинира некој за ова признание. Извидникот на годината беше избран од комисија која е составена од три члена: генерален секретар, претставник на старешинство на СИМ и минатогодишен добитник на наградата “извидник на годината”. Извидникот на годината доби признание од Сојузот на извидници на Македонија и дополнителна награда од 10.000 денари за имплементација на извидничка програма со цел негов личен развој.

Му посакуваме уште повеќе успеси во следната!

 

fefdcc41-9949-4516-b603-aa6ee4ff28cb