Зимување 2019

Зимување Браќа Миладиновци

Традиционално и оваа година извидниците од Извидничкиот Одред Браќа Миладиновци организираа зимување во Извидничкиот Центар Градовци. Зимувањето се одржа од 10-ти до 13-ти јануари. На ова зимување извидниците уживаа во преубавата зимска идила во с. Градовци, полагаа Извиднички Вештарства, се дружеа и створија голем број на спомени. Исто така, покрај програмата исполнета со голем број работилници, игри и активности, извидниците имаа прилика да дадат Извиднички Завет.

Зимување ИПО Галеб

ИПО Галеб оваа година го организираа своето зимување во с.Орел, Свети Николе. Од 16-19 јануари, четири дена забава, многу игри, научени многу знаци и факти, заработени и купени многу работи со Baden Powell пари, подготвени многу вкусни јадења, измиени многу садови и зближени и здружени како никогаш досега.

Зимување Прв Скопски Извиднички Одред

Во период од 13 до 17 јануари, околу 80 ПСИОвци заедно уживаа во убавините на планината Кожуф со надморска височина од 1200м, во Детското одморалиштето Михајлово. Деновите беа исполнети со многу активности како: натпревари во санкање, градење на најдобра снежна фигура. Извидниците имаа можност да научат и да ги усовршат своите вештини во Прва помош и заштита, Декодер, Извидник научник и Познавач на историја на извидништво, како и да ги полагаат истите вештарства. Покрај овие, на зимувањето се полагаше и Драма, како и Курир за оние најхрабрите кои гладуваа и молчеа 12 часа. Вечерите ни беа исполнети со дружба и смеа, забавни извиднички квизови, филм, но секако и роденденска забава за Снеже со слатки изненадувања и многу танцување.

Зимување ИПО Јадран

Од 10-13 јануари, Извидничкиот Одред Јадран го организираше зимскиот камп во своите простории во с.Катлановска Брезица. Четири дена исполнети со забава, полагање на Вештарства и уживање во снежната покривка.