Skip to content Skip to footer

Песна од стихозбирката “Овде ни штркот не сака да замине на југ” (посветена на с. Голозинци, каде што се наоѓа домот на велешките извидници), посветена на извидниците при ИО “Димитар Влахоџ”, во знак на благодарност за нивниот допринос за развојот на велешкиот дел.

 

Прекрасно дело на Кристијан Јорданов !!!

 

ЗA ИЗВИДНИЦИТЕ…

Штом понекогаш нашето село ќе стивне,
Ќе дојдат младите извидници и селото повторно ќе живне.
Овде, во извидничкиот центар се често,
И сите свои работи си ги работат вешто.
Секој извидник е љубител на природа,
А тука, местото е надарено од Господа,
Густи околни шуми, ливади со цвеќе,
Еве секој извидник брои дни кога пак ќе дојде веќе.
Овде, доаѓаат млади од секаде, секакви,
И овде се случуваат и многу љубови, најискрени
Па така секоја вечер, крај логорски оган седнати,
Младите со своите водачи, песни си пеат љубовни,
А штом мугрите изгреат, секој се буди,
И нови задачи водачот  им нуди,
А тие со љубов, задоволство и среќа што се тука,
Работејќи со мерак лицето од радост им „пука“.
А штом ден дојде, дома да се оди,
Старешината е напред прв ги води,
Ама никому не му се оди в градска гужва,
Секој сака барем уште ден да е на извидничка служба…
Сепак, сите знаат дека пак ќе се вратат,
И дека на нова обиколка низ село ќе ги пратат…

 

images