Започнува прославата по повод 60 години СИМ

Пред се,  дозволете ни во мугрите на прослвата на големиот јубилеј  „60 години извидништво во Р.Македонија“ да ви се заблагодариме за вашето  активно учество во сите сегменти на нашата организација во изминативе години.

Важно е да напоменеме и да одадеме признание на сите извиднички одреди, нивните раководства,   водачите и членовите, партнерите и подржувачите за сработеното во овој долг период, за успехот на извидништвото, за она што денес значи 60 години традиција, 60 години љубов , 60 години едукација и 60 години инспирација.

Залугата е ваша, ВИ честитаме и ВИ се заблагодаруваме.

Низ сите овие години извидништвото постојано се менуваше, се прилагодуваше и токму затоа остана релевантно за младите и најбројна младинска организација во Р.Македонија со традиција и број на активности на кој се горедееме.  Цитирајки го говорот на основачот на извидништвото Лорд Баден Пауел – „ Извидништвото е движење, ако го заборавиме тоа ќе останеме само организација“ иако кажан пред  100 години во сосема поинакви услови сеуште има огромна релевантност и значење, ќе се присетиме и напоменеме за наредните генерации.

Низ овие 60 години извидниците не спроведуваа само активности, организираа кампови, натпревари,  спроведуваа неформална едукација. Низ овие 60 години извидништвото креираше карактер на младите, ги оспособуваше младите да бидат лидери во опшеството, градеше млади луге кои како конструктивни личности  внесуваа промени во опшеството инспирирани токму од извидничките вредности. Низ овие 60 години извидништвото едуцираше како да живееме здраво, како да почитуваме, како да помагаме, како да се залагаме за она во кое веруваме.

60 години представуваат многу слики, многу сеќавања, многу доживувања, многу ветувања.
Извидништвото е движење, а движењето е вечно !

рфгхј

Денес на големиот јубилеј стоиме гордо да поставиме ново ветување, ветување за приказна која никогаш не завршува. Време е да дадеме ново ветување за наредните 60 години.

Со голема чест ве покануваме на 23ти февруари да бидете дел од активностите по повод нашиот голем јубилеј 60 години извидништво во Република Македонија.

Активностите ќе започнат во 11 часот а ќе завршат во 21:30 часот. Настанот е составен од следниве активности:

11:00 – 12:30 отвoрена маса АГОРА, проект подржан од проектот на УСАИД за граганско опшество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македониија.

11:00 – 13:00 изложба на фотографии – “ СИМ низ годините “ во Дом на градежници

16:00 – 17:00 свечено давање завет во Жена Парк пред Споменикот на вечната борба

17:00 – 18:00 хајк на извидниците од Жена Парк до О.У. Ј.Х. Песталоци

18:00 – 18:30 Извидничко отварање на настанот на платото пред О.У. Ј.Х. Песталоци
19:00 – 19:53 прием на гостите, коктел забава и АГОРА јавен настан
19:53 – 21:05 свечена академија во О.У. Ј. Х. Песталоци
21:00 – 21:30 коктел забава