Забавна зимска активност за Развигорците – Како да направите отпечаток од шепа на животно во снег

Пред нас е зимата, годишното време кога снегот ја покрива земјата. Па, што интересно би можеле да правиме со оваа бела покривка? Како би можеле да ја искористиме за да создадеме нова интересна активност за најмладите извидници?

squirrelhand

Нешто што секогаш е добра и интересна активност е трагањето по нешто. Било тоа да е скриено богатство или место, секогаш предизвикува заинтересираност и ја буди имагинацијата кај децата. Сите траги кои тие треба да ги следат за да стигнат до крајната дестинација и да го откријат скриеното, се можеби едни од најинтересните моменти кои најмладите ги доживуваат за време на нивното искуство во светот на извидништвото. Тогаш зошто да не го искористиме тоа и не создадеме игра која ќе го привлече нивното внимание, макар и во ладните снежни денови кои нѐ очекуваат?

2a34a91d9d0bd6343aeebc94c2e342d8a517cc8d
Но, не секогаш организацијата и подготовките на активноста излегуваат онака како што сме замислиле. Сепак, сите не можеме да бидеме експерти и сезнајковци во секоја област. Не сите можат да создадат совршена реплика од отпечаток на некое животно, што е и сосема во ред. Не откажувајте се сѐ уште. Изработката на гипсени отпечатоци од животни во снегот може да биде тешко, но не и невозможно. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да станете експерт во правењето отпечатоци.

Откако ќе најдете некоја трага во снегот или на земја, доколку почвата или снегот се влажни, нафрлајте малку гипс во прав и почекајте да се стврдне. Ако снегот е сув и прашкаст, напрскајте вода над трагата и почекајте да замрзне.

plaster-1

Гипсот оддава топлина додека се стврднува. Затоа, кога отпечатокот го земате во снег, измешајте го гипсот со малку снег се’ додека не добиете смеса како полурастопен сладолед. Истурајте ја смесата веднаш над трагата на кратко растојание од неа за да се минимизира оштетувањето на истата.

plaster-2

Ако гипсот замрзне пред да се стврдне, свртете го наопаку и внесете го внатре на топло за да се одмрзне и да го добиете крајниот производ – совршен отпечаток.

plaster-3

Сепак, можеби ќе ви биде потребно да се обидете неколку пати за да ја усовршите оваа техника, но во секој случај, следењето на трагите од животни кои вие ќе ги направите во снегот ќе биде една од највозбудливите игри и активности кои ќе ги организирате за вашите Развигорци.