Есенски бивак – Китка (11 – 14.10.2018)

Во периодот 11 – 14.2018 година на Китка се одржа Есенски бивак, на кој учествуваа сите категории на извидници од Македонија. Извидниците имаа можност да поминат четири дена во прекрасните шуми на планината Китка. Сместувањето беше во Шумското домче на ПСИО, а за оние кои сакаа да го искусат извидништвото во вистинска смисла, беше обезбеден простор каде беа поставени шатори. Бивакот беше исполнет со извиднички активности кои им помогнаа на извидниците да ги освојат вештарствата кои се предвидени во програмата.

44302794_10156736137524464_725922556187508736_n

Како дел од Проектот “Играч на мечот” кој е дел од иницијативата „Meet and Code 2018“, успеавме да ги споиме фудбалот и програмирањето во една супер интересна активност. Со изучувањето на основи за C++ програмски јазик, извидниците дојдоа чекор поблиску до стекнување на вештарството „Извидник информатичар-експертско ниво“ и вештарството „Извидник спортист“.

На овој Бивак покрај традиционалните извиднички вештини, се учеше и вежбаше пионерство преку макети и градење на вистински корисни објекти.

Работилниците кои се одржаа за време на Есенскиот бивак беа организирани како дел од Проектот „Патентирај Партнерство“, кој е поддржан од Европска Унија, а спроведуван од Прв Скопски Извиднички Одред во партнерство со компанијата „Дизајн Фантази“.