Една идеја, еден сон – една цел!

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ во перидот од 5-7 април во извидничкиот центар “Голозинци“ во Општина Чашка, го реализираше првиот едукативен камп во рамките на проектот “Една идеја, еден сон, една цел! “. На овој камп, младите од извидничкиот одред “Димитар Влахов“, извидничкиот одред “Еквинокс“ и иницијативата на млади за формирање на одред од Чашка, работеа на креирање на упатства за планирање и реализирање на младински активности.
Покрај ова сите учесници во еден дел од кампот работеа и активности за совладување на вештини и вештарства што дополнително ќе ги зголемат младинските активности. Претходно беа реализирани активности на проектот како што се посета и организирани средби по месните заедници како и избор на локални координатори со кои ќе се комуницира и соработува при креирање и реализирање на младински активности, а воедно е спроведена анкета преку анкетен прашалник за потребите на младите и нивната улога во Општина Чашка.
Долгогодишното функционирање на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ на територија на Општина Чашка преку извидничкиот центар во Голозици придонесува со користење на нови методологии за самоорганизирање на младински активности и зголемено учество на младите во процесот на носење на одлуки како и зајакната соработка меѓу локалните власти и граѓанските организации.

otvaranje

predavanje