Skip to content Skip to footer

Оваа година, извидниците од ПСИО, Иван и Софија, ја имаа можноста да бидат учесници и дел од 230 извидници од 48 земји присутни на Извидничката Академија 2019 во Словенија, Крањска Гора. Академијата која се одржа од 2-7 ноември 2019, претставува уникатен настан за извидници дизајниран за да им овозможи на учесниците да добијат висококвалитетни обуки и можности за мрежно поврзување околу основните приоритети на WAGGGS и WOSM. Тие имаа можност самите да си ја креираат агендата од многуте понудени сесии и теми од неформалното образование кое станува се неопходно за иднината на младите и нивните кариери. Претставниците на Сојуз на извидници на Македонија имаа можност да бидат вклучени и да научат нешто повеќе во областа на: Изградба на систем за мониторинг и евалуација, Гласови против насилство, Пол и различности, Цели за одржлив развој (SDG), Стратешко планирање за успех, Застапувањето е за сите, Лидерството е практика, а не вештини – Нов модел на лидерство, Нов пристап кон организациониот капацитет, Woodbadge систем, Безбедност на Интернет и активно граѓанство, возрасни во извидништвото, управување со волонтери, Како да се зајакне сликата за извидниците во својата земја, Како да се најдат можности за финансирање, дијалог за мир и многу други.

 

Погледнете дел од атмосферата во продолжение.

73404081_10157711642559464_8334849109831712768_o 73495172_10157711646354464_4724560078248607744_o 74216659_10157711642919464_4093515797761097728_o  75481761_10157711646869464_5281130197054128128_o75369290_10157711645449464_8853037055828033536_o