Европска извидничка академија 2018 (30.10 – 04.11.2018)

Во периодот 30.10 – 04.11.2018 во хотел „Континентал“ Скопје се одржа Европската извидничка академија на која учествуваа преку 200 млади и извидници од 40 европски земји.

Video

Во склоп на академијата беа одржани повеќе од 40 работилници кои беа водени од разни експерти ширум Европа.

За време на интернационаланта вечер, извидниците имаа можност да ја претстават земјата од која доаѓаат, вкусните јадења и пијалоци кои потекнуваат од нивното поднебје, а некои од нив дури и традиционалните носии.

Националата вечер, а воедно и свеченото затворање на Европската извидничка академија беше резревирано за македонската традиционална трпеза, македонските танци и песни. Како и секојпат, гостите беа воодушевени од храната и пијалоците и си заминаа сити и среќни.

Сè на сè, еден куп одржани сесии и работилници, многу нови познанства и стекнати искуства и секако, безброј убави спомени.