Еве како да ја направите зимата интересна за Развигорците

Не сите уживаат во ладното време, црвените носиња и снегот. За среќа, повеќето водачи на Развигорците се спремни да се соочат со студеното време и повремените жалби и да ги однесат своите извидници на планина оваа зима. Штом стапнат таму, ќе откријат дека целиот тој напор вредел.

Понекогаш потребно е малку да ви проработи фантазијата за да креирате волшебен зимски свет за најмладите, но најчесто тие идеи доаѓаат кога најмалку ги очекувате. Од валкањето во белиот снег и дишењето на студениот планински воздух, се до топлото какао и правењето најразлични рачни изработки покрај огништето во некој планинарски дом. Сепак најважно е како Развигорците се чувствуваат после напорниот ден, кога ќе влезат во топла соба или колиба и ќе се почувствуваат исто како да се дома. Ова нивно снежно искуство треба да биде нешто што ќе го паметат долги години и што ќе ги натера да сакаат повторно да се вратат на „местото на злосторот“.

Tubing-7

Засолниште од невреме

Иако извидништвото значи и примена на извидничките вештини и снаоѓање во природни услови, сепак првото искуство на најмладите членови, Развигорците, со ниските температури и зимските услови треба да биде пријатно и да буди во нив желба за многу понатамошни авантури. Да имаат каде да преспијат на топло и да се згреат на ниските температури под нулата е еден од основните услови за да се оствари сето ова. Ако температурите се ниски и врне цело време, а тие се изложени на лошото време, децата нема да сакаат да се вратат.

Загреаните кабини или топлите соби се само еден начин за младите извидници да уживаат во ова зимско искуство. Нешто топло што ги згрее нивните стомачиња е секогаш добра идеја.

Сепак немојте да се разочарате доколку децата претпочитаат да седат внатре на топло. Измислете активности и за нив, така што нема да им биде досадно. На пример, можете да им дадете да прават рачни изработки. Тоа е еден начин како би можеле некому да му доделите одредено вештарство. Никогаш не знаете какви идеи и фантазија можете да разбудите во главите на овие мали палавковци. Можеби тоа е моментот кога дечињата ќе се заљубат во зимските кампови и истите ќе им преминат во традиција секоја година.

Некои од децата можеби никогаш претходно не пробале некоја од зимските активности или пак имаат некаков страв. Затоа на овој камп гледајте како на одлична можност децата да ги надминат своите стравови, самите или со помошта на некое другарче извидник или пак, самите лидери. Ваквите кампувања им овозможуваат на децата да стекнат нови пријателства, да откријат нешто ново и возбудливо, да ги предизвикаат сопствените стравови и да се заљубат во некоја активност само во едно попладне.

Како да успеете

Облека: Бидете сигурни дека сите имаат многу топла облека. Секогаш е полесно да се фрли облеката отколку да се обидете да ја направите надвор од растенијата околу вас. Екстра чорапи се особено важни. Еден од најголемите проблеми е кога извидникот минува низ вирче со вода или мала рекичка и си ги мокри нозете. Кога надвор е топло, тоа воопшто не е проблем, но кога температурите се навистина ниски, ова искуство не е воопшто забавно.
Активности: Иако може да варира во зависност од регионот, пожелно е да користите кабини или да ограничите активностите да се случуваат само додека има дневна светлина. Секако, за деновите кога надвор многу врне, тука се игрите на табли и рачните изработки. Ќе има периоди кога Развигорците ќе треба да останат во затворена просторија, така што располагањето со активности (игри, приказни, книги) и закуски за децата дефинитивно ќе ви помогне.
Храна: На Развигорците им е потребно нешто топло во текот на зимата, без разлика дали тоа е топло чоколадо или чорба од говедско месо. Добро е да го надградите менито на кампот со ваши сопствени резерви. Навистина добра идеја е да имате резервен план во случај да стигнете таму и, од која било причина, на вашите деца не му се допаѓа тој оброк. Резервите кафе и топло чоколадо во нивните кабини ќе ги направи среќни и Развигорците и возрасните.

За да ви биде Топло, размислувајте Ладно

Чистота: Чувајте ги изолациските слоеви чисти и меки. Нечистотијата, прашината и потта може да ја намалат топлината на облеката.
Прегревање: Прилагодете ги слоевите на облеката за да одговараат на температурата и останете хидрирани со пиење многу вода.
Лабави слоеви: Носете неколку неприпиени слоеви на облека и обувки за да добиете максимална изолација без да ја спречите циркулацијата.
Сувост: Испотената и влажна облека може да предизвика вашето тело да се олади брзо. Избегнувајте облека што ја апсорбира влагата и чувајте облека околу вратот, за да им дозволите на телесната температура и влагата да испарат.