Возрасни во извидништвото

vozrasni

Дали имате пасија за активности во природа? Дали поддржувате здрав и активен начин на живот како основа за подобар животен квалитет? Дали верувате дека имате нешто да понудите кон неформалната едукација на младите?

Дали сакате да допринесете кон развојот на младите во вашата заедница? Дали сакате да создадете подобар свет за младите?

Во основа, тоа се целите на извидништвото. Исто така, една од основните цели на извидништвото е да го охрабри физичкиот, интелектуалниот, емоционалниот и духовниот развој на младите луѓе за тие да бидат способни да го постигнат нивниот комплетен понтенцијал како граѓани одговорни да создадат подобро општество.

Возрасните можат да бидат клучни индивидуи кои ќе се грижат за тоа младите да изберат правилен пат во својот живот. Возрасните може да станат дел од извидничката организација која дополнително нуди простор и можности за секој возрасен во согласност со неговото слободно време и желба да допринесе кон извидништвото.

За возрасните во извидништвото постои голема можнст да работат за и со младите луѓе во нивните заедници. Исто така, оваа шанса им овозможува на младите во извидништвото да помогнат во развојот на младите и нивната идница, но исто така да ги применат и унапредат нивните лични способности.

Понатаму, исклучително важна е поддршката дадена од страна на возрасните кон извидничката програма која за главна цел го има развојот на младите луѓе. Преку извидничката организација, возрасните можат да ја изградат својата самодоверба и организациски способности. Вклученоста на возрасните во извидништвото е секогаш добредојдена како на локално така и на национално ниво.

Мрежата на возрасни во извидништвото која допринесува на крајот може да допринесе кон понапредно извидништво за младите и како последица на тоа кон подобро извидништво.