Вклучи се

1. Дали ги имам потребните вештини кои се потребни?

Не треба да бидете авантурист како Bear Grylls за да бидеш дел од извидничкото движење. Имате ли познавање од прва помош? Добри ли сте со бројки? Дали сте веешти во кујна? Кога ќе размислиме сите имаме корисни вештини и сите можеме да бидеме волонтери и да помогнеме на многу начини.

2. Што ако немам доволно време колку што треба да се посвети?

Волонтирањето со нас е лесно, забавно и флексибилно – колку време имате да посветите, зависи само од вас и точно толку ќе ни биде потребно на нас. Дали ќе помогнете само еднаш, еден месец или само за специјални настани или кампови, постои одредена улога која може да ја играте и без разлика колку ќе бидете вклучени, ќе ви осигураме дека ќе бидете соодветно истренирани и подржани.

3. Што ќе добијам од волонтирање?

Покрај стекнувањето на секојдневните вештини и поминување прекрасно време, Извидништвото исто така нуди и шанса за да се изгрдат лични вештини, како тимската работа, самодовербата и лидерските способности. Според одредени студии над 90% од нашите волонтери веруваат дека вештините и искуството што го имаат стекнато преку извидништвото се релевантни во нивната работа или нивниот приватен живот.

4. Моето дете во извидништвото – дали има нешто да направам за да помогнам?

Краткиот одговор е да. Многу од нашите помагатели и лидери се родители на нашите млади членови поради тоа што тие знаат од прва рака какви придобивки имаат од извидништвото и сакаат да направат нешто за возврат. Исто така тоа е шанса да се потроши повеќе време со своите деца и да се научат нови вештини. Зборувајте со водачот на своето дете за тоа како може да се вклучите и вие.

5. Дали постојат возрасни граници за да помогнам?

Ако си на возраст над 18 години, можеш да помогнеш како возрасен волонтер во извидништвото. Не постои горна старосна граница за возрасни волонтери. Ако си на возраст помеѓу 14 и 18 години постои опција да станете младински лидер.