ВЕЛЕШКИТЕ ИЗВИДНИЦИ ТРЕТИ НА КУПОТ НА ИЗВИДНИЧКО ПРИЈАТЕЛСТВО

Македонските извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес на покана на извидничкиот одред “Мија Станимировиќ од Ниш, Република Србија  во периодот од 13 до 15 мај 2016 година  со дванаесет извидници или три патроли зема учество на “41 Меморијал Чика Драги“ и Вториот Куп на извидничко пријателство на кои што учество зема извидници сениори. Купот на извидничко пријателтсво е дел од догворените активности на Брџанските средби на кои присуствуваат извидници од поранешна Југославија, а секоја година се организира во различна држава од поранешната Ју република.

На двете манифестации учество земаа повеќе 250 извидници од Србија, Црна гора, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија со околу 30 патроли  кои се натпреварува во областа на топографијата и ориентацијата во непознат терен.

Извидниците од Велес кои се натпреваруваа во рамките на 41 Меморијал Чика Драги во категоријата на постари  извидници ги освоија шестото и деветото место, а додека третата патрола на извидници сениори која што зема учество на Купот на извидничко пријателство го освоија третото место. Првото место го освоија извидниците од Ријека (Хрватска), а второто место го освоија извидниците од Бања Лука (Босна и Херцеговина).

Со искуството стекнато на овие извиднички средби, старешинството на Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес во наредната 2017 година ќе го добие организирањето на Купот на извидничко пријателтсво, со што ќе ги обедини извидници од поранешните Ју републики да бидат гости во Велес, а воедно и да се натпреваруваат во споменатите области.

Sojuz na izvidnici na makedonija treto mesto nish srbija