Биди ЕКО со Гете Институт и ПСИО

Целта на оваа активност е подигање на нивото на еко едукација и мотивација за соработка и вмрежување, исто така проактивно одржување на чистотата во нивната животна средина преку мал компетитивен натрпевар, заедно со кратка работилница.

На работилницата учениците изработуваат мал еко систем каде најдоле ставаат камчиња, земја, малку мов, растение по избор и на крај вода. Како функционира експериментот:
Во почвата се наоѓаат минерали и CO2. Растението ја впива водата и CO2, настанува процес на фотосинтеза при што ги користи (вода, минерали, CO2…) плус сончевата светлина. Со тоа создава храна и испушта кислород и водена пареа. Пареата се кондензира на стаклото и потоа повторно во вид на капки паѓа во земјата. Целиот процес се одвива од почеток. Целта е учениците да видат што е тоа еко систем и како функционира.

Една од основните мисии на институтот е подобрување на квалитетот на наставата по Германски јазик во образовните установи во земјава. Меѓусебната соработка на Гете и училиштата се состои во нудење и одржување на онлајн обуки како и обуки во Германија за македонските просветни работници кои го предаваат германскиот јазик.

48366596_10156865576879464_5997445718854336512_o

48377693_10156865576704464_625999154203590656_o

48180396_10156867672704464_3958524133834227712_n

48389094_10156867672649464_3143883229941989376_n

47443971_2967792363291406_2442393342542086144_n