Ахмад Алхендави (Ahmad Alhendawi) назначен како следниот Генерален Секретар на WOSM

15 Ноември 2016, Куала Лумпур, Малезија: На Сојузот на извидници на Македонија му е задоволство да го објави именувањето на Ахмад Алхендави како следниот Генерален Секретар на WOSM, воедно најмладиот во историјата на организацијата.

“Чест и задоволство ми е да бидам понуден со можноста да служам како Генерален Секретар на оваа уникатна организација, претставувајќи го најголемото образовно младинско движење во светот.” Изјави Г-дин Алхендави при прифаќањето на понудата.

Страстен поборник за младите луѓе, Г-дин Алхендави има служено и работено во различни регионални и интернационални организации, издигнувајќи се низ ранковите се до позицијата Претставник на Обединетите Нации за Младите во 2013. Г-дин Алденхави верува во давањето глас на младите луѓе и ја препознава важноста на младинското зајакнување и вклучување во глобалните и локалните проблеми.

Г-динот Алденхави, Роден во Јордан во 1984, има Мастер диплома во Напредни Европски и Интернационални Односи, од институтот во Ница, и е дипломиран компјутерски инжењер во Ал-Балка Универзитетот во Јордан. Можеби последно, но најважно, порано бил извидник.

Г-динот Алденхави е силен поддржувач на WOSM и е познато лице на Интернационалните Извиднички настани. Тој ја посети 23-та Светска Извидничка Смотра во Јапонија претходната година и најскоро Ровервеј-от во Франција.

Г-дин Алденхави додаде, “Ја сум уверен дека Извидништвото има решение за младинскиот развој во 21-от век. Со нетрпение очекувам да работам со тимот на WOSM за да го прошириме движењето и да го продлабочиме неговиот социјален импакт, а притоа продолжувајќи со креирање подобра иднина за децата и младите луѓе.”

По изјавата на Г-динот Алденхави за неговото назначување, Старешината на СИМ изјави, “Се соочуваме со многу несигурни времиња во нашата држава, а и во светот. Како и Г-динот Алденхави, не се сомневам дека Извидништвото може да направи значајна промена за нашите млади луѓе. На крајот, тие се идните политички и бизнис лидери. Г-динот Алденхави е најдобриот за да го води нашето движење, да допре до сите и да ни помогне да се развиеме и пораснеме.”

Г-дин Алденхави го наследува Скот Тир, кој отиде во пензија претходниот месец. Се очекува тој да го почне својот прв ден во канцеларијата на Светското Извидничко Биро, Глобалниот Центар за Поддршка во Куала Лумпур, на 1 Март 2017. Како Генерален Секретар на WOSM, на Г-дин Алденхави ќе му биде претставен планот за промовирање и заштита на интересите на Извидничкото Движење. Како негов Извршен Директор, тој исто ќе раководи со неговиот Секретеријат, Светското Извидничко Биро.

 

За Сојузот на Извидници на Македонија 

Сојузот на извидници на Македонија е невладина, непрофитна организација која работи повеќе од 60 години во областа на неформалното образование кај младите луѓе. Целта на Сојузот е да придонесе во развојот на младите луѓе во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални, општествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници, како и меѓународната заедница. Целта ја реализира преку програма прилагодена сите возрасни групи. Сојузот на извидници на Македонија е формиран 1953 година, а дел од WOSM станува во 1997 година.

 

За WOSM (World Organization of Scout Movement)

Извидништвото е едно од најголемите светски и водечки образовни младински движења во светот, поттикнувајќи милиони млади луѓе ширум светот да бидат активни граѓани и да прават позитивни промени во заедниците во кои живеат. Од 1907! Формирано од Лорд Баден-Пауел, WOSM е конфедерација од 164 Национални Извиднички Организации правејќи мрежа од повеќе од 40 милиони членови, вклучувајќи и околу 7 милиони волонтери. Како што и правиме повеќе од пола век – Создаваме подобар свет – така и ќе продолжиме, а и уште подобро со многуте Гласници на Мирот (Messengers of Peace) ширум светот.

 

 

photoaa